Samsung го претстави Galaxy Note 8: „Не сме заборавиле што се случи минатата година“


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Samsung во средата го претстави својот нов паметен телефон Galaxy Note 8, со кој планира да го потисне разорачувањето од Galaxy Note 7, чија батерија релативно често буквално експлодираше, и да се соочи со новиот iPhone 8 кој Apple ќе го промовира наскоро.

Samsung својата промоција во Њујорк ја започна со алузија на Note 7 од минатата година. „Никој од нас нема да го заборави тоа што се случи во 2016. Знам дека јас нема да го заборавам. И никогаш нема да заборавам како милиони верни корисници на Note останаа со нас. Дозволете ми да им изразам најдлабока благодарност“, изјави Кох, претседател за трговија и мобилни комуникации во фирмата.

Планетарното повлекување на Note 7 компанијата ја чинеше милијарди долари загубена заработка и ја поткопа веродостојноста на корејскиот гигант, кој мораше да се извини и да го одложи иницирањето на S8. Последните финансиски резултати од компанијата, објавени на крајот од јули, се со скок од 89 насто нето заработувачка од скоро 10 милијарди долари во второто тромесечје, благодарение на побарувачката на мемориски чипови и пораст на продажбата на мобилни уреди.

Note 8 донесува некои подобрувања во однос на неговиот претходник, посебно поголемиот екран, двете камери и помоќна верзија која има можност за премин на тастатура за некои задачи. Новиот „фаблет“ (комбинација од телефон и таблет) ќе биде во продажба од 15 септември, прецизираше светскиот челник за паметни телефони, но не беше откриена цената на „гаџетот“.