Samsung Galaxy S20 серијата од утре достапна за купување во Македонија


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Продажбата на трите нови телефони од серијата Galaxy S20 во Македонија официјално започнува утре, објавија од Samsung Electronics Co., Ltd, пренесува Фактор.

Продажбата започнува утре, 13. март, по препорачаните малопродажни цени од 53.999,00 МКД за Galaxy S20, 59.999,00 МКД за Galaxy S20+ и 80.999,00 МКД за Galaxy S20 Ultra. Кога станува збор за боите, Galaxy S20 ќе биде достапен во космичко сива, космичко сина и космичко розева боја, S20+ во космичко сива, космичко сина и космичко црна, додека S20 Ultra ќе биде достапен во космичка сива и космичко црна боја.

Бидејќи корисниците денес, повеќе од кога било досега, го снимаат своето секојдневие и ги забележуваат важните моменти со помош на смарт телефоните, камерата стана најважниот елемент за сите кои купуваат нов телефон. Оваа линија на паметни телефони доаѓа со потполно нов дизајн на камерата, комбинирајќи вештачка интелигенција со најголем Samsung сензор досега, за фотографии со совршен квалитет. Galaxy S20 и S20+ доаѓаат со камера од 12MP Dual Pixel технологија, додека S20 Ultra има камера дури со 108 MP, со можност за зумирање со Space Zoom-от до 100 пати, со кое фотографиите го задржуваат високиот квалитет. Благодарејќи на најголемиот сензор досега, резолуцијата на камерата е значајно зголемена, што резултира во повеќе детали и дополнителна флексибилност при уредување, сечење и зумирање. Со можноста да се снима во 8K резолуција корисниците можат да прават реалистични снимки, од кои дури и оние кои се направени во нестабилни услови се чини дека се креирани со помош на професионална акциона камера.

Со оглед на тоа дека припаѓа на семејството на Galaxy уреди, серијата S20 им ги носи на корисниците сите придобивки од овој екосистем. Позната е по своите добри перформанси и можности, кои се однесуваат на камерата, екранот, батеријата и безбедноста. Samsung Knox сигурносниот систем ги штити корисниците и нивните уреди, примајќи месечни и квартални извештаи за безбедноста. На располагање се и услуги кои овозможуваат пристап на повеќе од 5.000 Samsung или партнерски производи, преку SmartThings апликацијата.