Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Актерот Марк Салинг, кој се прослави со улогата во серијата Glee и кој беше обвинет за поседување детска порнографија, пронајден е мртов во областа Санленд, каде што живееше. TMZ пренесува дека станува збор за самоубиство.
Бившата ѕвезда од популарната тинејџерска серија чекаше судска пресуда откако призна дека поседувал детска порнографија и наводно се спогодил со обвинителството за казна од четири до седум години затвор.
35-годишниот актер беше уапсен во 2015 година, кога полицијата доби дојава за компромитирачката содржина во неговиот лаптоп, а во 2016 година беше обвинет за примање и поседување детска порнографија. На компјутерот има 50.000 фотографии од деца со компромитирачка содржина.
Во наредните 20 години требаше да биде под постојан надзор, а исто така доби забрана за контакт со лица помлади од 18 години.
TMZ уште во август пишуваше дека актерот се обидел да си ги пресече венит, но неговиот адвокат го негираше тоа.