Самоспалување на сцена, Ким во венчаница – драми на концертот од Канје Вест


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


На последниот концерт од промоцијата на неговиот 10-ти студиски албум насловен „Донда“ по неговата покојна мајка, Канје Вест направи вистинска драма на сцената.

Раперот ја изненади публиката со својот настап на сцената. Се запали и запален се прошета по сцената , која наликуваше на неговиот семеен дом каде што израснал, пишува Би -Би -Си.

Неговиот персонал го изгасна огнот на време, а подоцна следуваше уште едно изненадување за публиката. За време на последната песна на концертот No Child Left Behind West, неговата бивша сопруга Ким Кардашијан му се придружи на сцената.

Риалити sвездата се појави облечена во венчаница, со превез преку лицето. Таа отиде до Канје, и светлата на сцената наскоро се изгаснаа.

На настанот присуствуваа и контроверзниот рапер ДаБаби и рок sвездата Мерилин Менсон, кои до неодамна се бореа со обвинувања за сексуална злоупотреба.

Патем, Канје неодамна поднесе барање за промена на името и изјави дека одлучил да го стори тоа од лични причини, додека Ким се уште го носи презимето на раперот.

Да потсетиме, поранешниот пар ја потврди веста за развод во февруари.