Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓
Прво во тихоокеанските островски држави Самоа и Фиџи, а еден час подоцна и на Нов Зеланд, жителите на овие локации ја дочекаа Новата 2019 година.
Оукленд со огномет ги пречека првите секунди од новата 2019 година, која календарски според временските зони, веќе ги брои првите часови на овој дел од светот.
Во Сиднеј, Австралија се очекуваат околу 1,5 милиони луѓе на бреговите на пристаништата од каде ќе го следат спектакуларниот огномет. Организаторите наведуваат дека тоа ќе биде најголема прослава до сега и оти 12-минутниот огномет чини шест милиони австралиски долари.