Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Марија Рејн е актеркакоја живее во Санкт Петербург. Таа го привлече вниманието на социјалните мрежи и медиумите со нејзиниот неодамнешен провокативен „перформанс“. За време на двомесечната изолација поради епидемијата од КОВИД-19, оваа млада жена реши да нарачува храна онлајн, а куририте што ја носат храната да ги пречекува само во долна облека.
„Минав речиси два месеци во самоизолација и ниту еднаш го немам напуштено станот. Секој ден нарачував храна и куририте ги пречекував топлес. Тоа беше мојата ‘естетска благодарност’ за оние што работат опасна работа за време на пандемија“, пишува глумицата како увод во видеоснимката објавена на Јутјуб.
На снимката што доби ознака 18+ полуголата Марија пречекува голем број курири и ги снима нивните реакции со скриена камера. И иако според редот на нештата таа немала нивна согласност да ги вклучи во нејзината снимка, тешко дека ќе препознаете некој, зашто речиси сите носат заштитна маска, а на оние кои ја немаат Марија им ги замаглила лицата.
Луѓето различно реагираа на провокацијата. Некои изгледаа благо изненадено, а други остануваа без зборови; некои бараа да се сликаа со неа, додека други дури и се обидуваат да ги допрат нејзините гради или да се пикнат во нејзиниот стан, што таа одлучно го спречува.
Во една особено жестока средба, курирот дури не дозволува да се затвори вратата, па девојката морала да му се закани дека ќе поднесе тужба против него. Ова, за среќа, дало резултат и инцидентот набргу бил завршен.
Меѓутоа, Марија не успеа толку лесно да излезе на крај со говорот на омраза на кој наиде откако ја објави снимката на Јутјуб. Досега има речиси 100.000 прегледи и 2.200 дислајкови во однос на само 964 лајка. Коментарите се полни со критики кои се упатени на адреса на глумицата.
„Злоставување! Таа ги искористува куририте за да ги задоволи своите сексуални потреби“, пишува еден корисник со прекар Игор.
„Замислете како би се изнервирале феминистките кога тоа би го направил некој маж“, гласи најпопуларниот коментар.
„Сто или двесте рубли бакшиш би било многу попријатно за куририте“, пишува еден друг корисник.
„’Естетска благодарност’ е кога ќе отпееш песна или ќе подариш слика што си ја насликала. Она што го гледаме на оваа снимка е бакшиш во облик на стриптиз“.
Марија Рејн е инаку веќе позната по своите претходни „настапи“ кои имаа за цел да го истакне проблемот на родовата нееднаквост, а многумина ги оценија како контроверзни или како едноставно непристојни. На една снимка, провоцирајќи ги оние кои на јавни места се обидуваат да ги фотографираат жените под сукња, Марија доброволно ја крена својата сукња во метро.
На друга снимка Марија прикажува серија инциденти на кои на мажите им истура течност врз панталоните кога ќе види дека премногу ги шират нозете во метро. Тврдеше дека оваа снимка се занимава со грдата навика на мажите премногу да ги шират нозете додека седат во јавен превоз, но додаде дека таа не ја продуцирала снимката, ами дека само била ангажирана како глумица, како и мажите кои тука се појавуваат.
Како што можеше да се очекува, кога снимката наиде на масовна негативна критика, Марија својата вклученост во нејзиното снимање ја прикажа во друга светлина. „Во Америка феминизмот стана агресивен и може да се спореди со глупост. Тоа стаса во Русија, како и сето останато што е во тренд: феминизмот, позитивниот однос кон телото, ЛГБТ – кај нас сето тоа доаѓа како мода. Тоа е нешто што луѓето го прават кога повеќе немаат со што да се занимаваат“, изјави Марија во интервју кое е исто така достапно на нејзиниот канал на Јутјуб.
Притоа нејзината нова снимка се најде во целосна колизија со претходните „акции“, што ѝ се врати. Некои мажи родовата еднаквост ја искористија за да ја искритикуваат.
„Одвратна слика на матријархат и мизогинија. Секако, замислете што би се случило ако јас почнам да ги покажувам своите гениталии? Што си дозволува таа? Мажите за тебе се само стапови на нозе, така? И јас сум човечко битие, а не објект на твоите сексуални фантазии“, искоментира еден изнервиран Интернет-корисник.
Извор: Русија Бијонд