Само за целосно вакцинирани и лица кои прележале Ковид-19 во последните 45 дена дозволен влез во објекти од затворен или отворен вид


Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓


Само со примени две дози вакцина или потврда за прележан ковид во последните 45 дена дозволен влез во угостителски и секаков друг вид на објекти од отворен или затворен вид. Оваа мерка стапи во сила од денеска, а од Комисијата за заразни болести досега не препорачаа дополнително зајакнување на антиковид мерките.

Ваквата мерка најмногу ги погоди невакцинираните и тие што имаат само една доза вакцина. Угостителите велат дека ќе ги почитуваат мерките, но штетата очекуваат да им ја надополни Владата. Пазарната инспекција најави заострување на мерките и контроли на угостителските објекти.

Оваа мерка им го ограничува движењето на прележаните, бидејќи нивните сертификати важат само 45 дена по прележување, иако, според лекарите имунитетот трае подолго. Епидемилогот Сашо Олумчев смета дека треба да се продолжи овој период, како во останатите европски земји.

Новите правила ќе важат за сите затворени објекти и се однесуваат за кафетерии, обложувалници, за прослави и свадби во угостителски објекти, семинари, обуки, за дискотеки. Вратите остануваат затворени за невакцинираните.