
Чантаta на Цеца веќе не е во продажба, можеа да ја набават само оние со среќна рака.
Светлана Цеца Ражнатовиќ е позната по тоа што не штеди кога станува збор за гардеробата, но исто така и кога се работи за модните додатоци.
Секогаш носи висококвалитетна облека, но овој пат воодушеви со чантата што ја има.
Пејачката се појави на снимањето со многу интересен моден избор.
Носеше црн корсет комбиниран со сиво здолниште до половината од бутините и мрежести чорапи.
Комбинацијата ја надополни со чизми од престижниот и луксузен бренд Yves Saint Laurent, а од накит носеше само обетки и ланче.
Сепак, вниманието од екстравагантните чизми го одвлече еден друг, подеднакво впечатлив детаљ – чантичката.
Prada црната Vitello Daino кожна чанта со преклоп е совршена чанта за секојдневна употреба.
Многу е пространа, се носи преку рамо и е изработена од телећа кожа. Има два надворешни џеба со преклоп, се затвора со преклоп и има прилагодлив ремен за носење преку рамо. Оваа чанта е идеална за сите пригоди.
Она што ја прави оваа чанта посебно посакувана е тоа што не може лесно да се најде во продажба. Понекогаш, дури и треба купувачите да ја нарачаат за специјално да биде изработена за нив.
Не е познато како Цеца успеала да дојде до оваа чанта, но се верува дека со задоволство ја носи.
Слика: