Славни

Само во „Херодс“ потрошила 16 милиони фунти – британската антикорупциска ја зеде „на заб“

Сопругата на азербејџанскиот банкар Џахангир Хаџиев, Замира Хаџиева се најде на удар на британските антикорупционери и ќе мора се бори да си ја зачува барем куќата вредна 11.5 милиони фунти.

Хаџиева по потекло од Азербејџан, го изгубила судскиот спор во кој барала да биде анонимна во текот на истрагата. Таа е сопруга на банкар во националната банка на Азербејџан и за десет години само во стоковната куќа ,,Херодс” потрошила над 16 милиони фунти. Таа одела дотаму што купила и куќа во близина на стоковната , како и терен за голф во Беркшир. Судот нареди да се утврди потеклото на нејзиниот имот , а доколку не успее , може се да изгуби.

55-годишната жена заедно со сопругот, Џахангир Хаџиев мора да објаснат како купиле куќа во луксузната четврт Најтсбриџ. Сопругот бил на чело на националната банка во Азербејџан и во 2016 е осуден на 15 години затвор за измама и проневера на десетици милиони фунти, што исчезнале од банката. Судот му нареди да врати 39 милиони фунти. Седум години пред тоа, компанија од Кајманските острови платила 11,5 милиони фунти за голема куќа во близина на стоковната куќа ,,Херодс” во Лондон. Дури во судницата било откриено дека куќата е во сопственост на Хаџиева и нејзиниот сопруг. Во 2013 друга компанија под контрола на Хаџиева поторшила над 10 милиони фунти за купување голф терен Мил Рајд , голем имот во близина на престижниот Аскот.

Британија на брачната двојка им опдобрила визи за престој наменети за богати инвеститори. Како изгледало трошењето пари на Хаџиева. Таа во Хародс трошела во просек по 4 000 фунти дневно.

Но , купувала и на други емста. На пример во продавницата Бушерон купила накит и парфеми за 150 000фунти. Следниот ден купила вина за 1 800 фунти.

Потоа купила накит вреден 100 000 фунти во Картие , а потоа докупила и машки производи за 20 000 фунти. За да биде поефикасна во трошењето , имала три картички од Хародс и уште 35 што ги издала поранешната банка на нејзиниот маж.

Во судот било откриено и дека брачната двојка има и авион вреден 42 милиони фунти. Наспроти обвинувањата на британските антикорупционери, Хаџиеви имаат намера правдата да ја бараат во судот во Стразбур.

Loading...
Најсвеж македонски забавен портал... и нешто повеќе!


Учество во игри на среќа е дозволено за лица со 18+ години. Играј одговорно!

To Top