Само во 2019 година од „матично“ во Македонија издале 21.957 згрешени документи – штрајкот на матичарите продолжува


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Независниот синдикат на управата за матични работи апелира дека платите им се ниски и бараат повисоки, а за штрајк се одлучиле откако им било кажано дека нема да бидат прифатени нивните барања.

Но, забелешки има од Државниот завод за ревизија, кој утврди многу неправилности во работењето на Управата за водење матични книги. Освен финансиски неправилности, извештајот покажува дека само во 2019 година Управата издала погрешни 21.957 изводи.

Исто така, има реакции и од граѓаните кои добиваат погрешни документи, па мора да одат по неколкупати за иста работа на шалтерите.

Една од највпечатливите грешки е од граѓанин кој тврд дека наместо со зетот, неговата сестра во Управата „ја венчале“ со мајката на момчето, односно како што тврди „сетрами ја венчале со свекрвата“.

Штрајкот на вработените на Управата за водење матични книги ќе продолжи сè до исполнување на барањата за потпишување колективен договор, линеарно зголемување на платите за 30 отсто и подобрување на условите за работа, изјави претседателот на Независниот синдикат на Управата за водење матични книги, Тони Милошески при посетата на Подрачното одделение на институцијата во Тетово, за да изврши увид како се одвива штрајкот, кој денеска влегува во петтиот ден.

– Порастот на минимална плата во 2022 година доведе до изедначување на платите на вработените со различни звања. Ние како Независен синдикат на Управата за водење матични книги сметаме дека треба да има лиеарно покачување на платите на сите вработени во УВМК, кои долги години наназад воопшто не се покачени. До 2010 бевме под МВР, а од тогаш никој не ни има дадено ни покачување, ни нови звања. Имаме колеги кои работат и по 30 години, а уште се помлади референти. Има колеги што земаат 14.700 денари, не земаат уште цела 15.200 што беше минимална плата, која нормално сега треба да биде 18 илјади, изјави Милошевски.