Само што дојде во Милан, веќе го сака Реал: „Кралевите“ тргнуваат по „новиот Кака“


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Реал Мадрид со победата во градското дерби во целост се врати во трката за титулата во Примера.

Сепак, без разлика како ќе се заврши оваа сезона, „кралевите“ спремаат сериозна реконструкција на тимот наредното лето.

„Дон Балон“ пренесува дека во Мадрид се импресионирани со новиот фудбалер на Милан, Лукас Пакета и сакаат да го донесат на „Сантиаго Бернабеу“ во летниот преоден рок.

Пакета беше мета на „кралевите“ уште додека играше за Фламенго, но Леонардо ја победи конкуренцијата и го донесе во Милано.

Бразилецот веднаш се вклопи во новата средина и почна да го покажува својот квалитет, па го оправда епитетот на нова бразилска ѕвезда.

Пакета има 21 година и многумина го споредуваат со Рикардо Кака, кој токму од Милан се пресели во Реал Мадрид во 2009 година.

Сепак, тешко е да се поверува дека „росонерите“ лесно ќе се откажат од својата нова ѕвезда.