Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Иако многу козметички и хигиенски брендови во своите реклами ветуваат мека и свиленкаста коса, хемикалиите од средствата за миење и одржување на косата, честопати ја одземаат нејзината природна влажност и „живот“.
За штетните хемикалии во некои шампони ретко се зборува, но во производите за нега на коса постојат состојки кои можат да предизвикаат и посериозни заболувања.
Според експертите, косата е доволно валкана ако е мрсна или лошо мириса, а тоа се јавува како резултат на: мртви клетки, секрет од жлездите на кожата, габички слични на квасец и нечистотија од околината. Сепак, не мора секогаш да посегнувате по шампон во тој случај, бидејќи постојат природни средства со кои можете да ја измиете косата.
Јаболков оцет
Јаболковиот оцет направен од ферментирани јаболка, квасец и шеќер може да има здравствени придобивки. Содржи бактерии кои се добри за нашето тело. Дерматологот Винај Кумар напоменува дека оцетот има антиоксидантни својства и се покажал како особено ефикасен доколку имате проблем со првутот. Најдобро е одредена количина од јаболковиот оцет да ја растворите со двојно количество вода, да ја нанесе на скалпот и да оставите да делува пет минути, а потоа да исплакнете.
Сок од лимета
Лиметата ја користиме во кујната, но таа е секако добра и за нега на косата. Сокот од ова овошје е кисел и одлично го отстранува првутот правејќи ја косата сјајна. Исто така, со неа може да се намали и вишокот на масти од скалпот. Сокот од лимета разредете го со топла вода, а потоа нанесете го на косата да отстои пет до десет минути и исплакнете.
Алое вера
Алоето е богато со витамини и минерали и има благотворно дејство за нашата кожа. Со оглед на тоа што има антибактериски и антигабични својства, тоа е совршено средство за чистење на косата, а познато е и дека го подобрува волуменот на косата, поради што е вклучен во многу шампони. Треба нежно да се втрие во косата и да се остави да делува околу пет минути.
Хибискус
Чајот направен од ова растение е многу популарен и корисен кога станува збор за настинките. Билката хибискус е позната по тоа што содржи доста слуз. Оваа леплива материја е одлично средство за миење и чистење на косата. Ако ја третирате вашата коса со ова растение, таа ќе биде здрава и сјајна. Листовите и цветовите на растението треба да се иситнат како прашок, а потоа тој се меша со вода додека не се добие погуста смеса. Ваквата смеса се втрива во косата и се остава да делува десетина минути.