Само овие четири работи и врската ќе трае: Ви нудиме љубовни вежби


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Новото истражување говори за тоа што е најважно за една среќна врска. Прегратка во денот, да не заминете лути на спиење, обавезно да го прашате партнерот како е кога ќе си дојде дома, се само дел од препораките во разните студии.

За да сфатиме што е навистина најважно, еден пар одлучи да ги проба сите техники и дојде до заклучок дека позитивната психологија сепак, може да помогне.

Цела деценија од експерименти со различни методи, Сузи Пилеџи Павелски и Џејмс Павелски ги преточија во книгата „Среќни заедно: Како ја искористивме позитивната психологија за да изградиме љубов која трае“.

Четири работи се, велат, особено важни: развојот на здрава наместо опсесивна страст, давањето на приоритетите за позитивни емоции, посветување на доволно време за заедничките искуства, и барање поддршка во партнерот.

Авторите истакнуваат дека со партнерот треба да ги делиме тајните, да му ги откриеме најинтимните желби, сништата од детството, бидејќи така се создава блискост. Порачуваат дека на односнот треба постојано да се работи, бидејќи за разлика од бајките, среќната врска не паѓа од небо. Како физичкиот тренинг, и ова вежбање со времето влегува во рутина и станува се полесно.

Брачниот пар истакнува дека ја сфатиле важноста на почитта од друга страна, па им советуваат на сите да се пофалат за тоа што придонеле во врската. Исто така, важно е да најдеме начини да се поврземе отколку да се натпреваруваме и гледаме кој направил повеќе. Имаат добра вест за сите на кои односнот им е на „климави“ нозе, додека некој е подготвен да вложи труд, врската има спас.