Само Јункер пристигнува вака, „со стил“ (видео)


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


На почетокот од вториот ден од лидерскиот самит на земјите членки на Европската унија во Брисел, вниманието врз себе повторно го привлече првиот човек на Европската комисија, претседателот Жан-Клод Јункер.

На доаѓањето пред почетокот на состанкот Јункер беше снимен од страна на медиумските екипи како ја протресе за косата жената која го пречека на влезот во седиштето на Европската комисија во Брисел. Сите други европски политички лидери најнормално влегоа на состанокот, оти нели, само Јункер има таков „опуштен стил“.