Само Ибричиќ, Меси и Кројф имаа храброст вака да изведат пенал


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Некогашниот репрезентативец на Босна и Херцеговина, Сенијад Ибричиќ, со својот потег при изведувањето на пенал на дуелот меѓу Домжале и Цеље, се придружи на реткото и елитно друштво од мајстори на фудбалот кое го сочинуваат Јохан Кројф и Лионел Меси.

Цеље водеше со 1:0 кога во 85. минута беше досуден пенал за домаќниот Домжале. Топката на белата точка ја намести Ибричиќ, се затрча и…потоа го направи еден од најгенијалните потези кои можат да се направат при изведување на најстрога фудбалска казна.

Наместо да шутир и да го постигне 11. погодок оваа сезона, Ибричиќ одлучи во изведувањето на пеналот да му асистира на соиграчот Шамар Николсон, кој со еден удар го матираше голманот Матјаж Розман.

Интересен податок е што пред Ибричиќ, на ваков потег при изведување на пенал се имаат охрабрено само две фудбалски легенди – Јохан Кројф и Лионел Меси.

Кројф вака му асистираше на Јеспер Олсен во дуелот меѓу Ајакс и Хелмонд во 1982 година. Меси, пак, ваква финта направи во соработка со Луис Суарез, на дуелот меѓу Барселона и Селта во 2016 година.