Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Студијата која ја направи New World Wealth покажа дека Лондон е единствениот европски град на листата од 10 најбогати градови во светот. При составување на списокот, во предвид било земено богатството на жителите, односно вкупното приватно богатство, пишува Independent.
Утврдено е дека вкупното приватно богатство кај десетте најбогати светски градови се движи помеѓу еден трилион и три трилиони долари.
Листата со десет најбогати градови во светот изгледа вака.
1. Њујорк, САД (3 трилиони долари)
2. Лондон, Велика Британија (2,7 трилиони долари)
3. Токио, Јапонија (2,5 трилиони долари)
4. Силиконската долина, САД (2,3 трилиони долари)
5. Пекинг, Кина (2,2 трилиони долари)
6. Шангај, Кина (2,1 трилиони долари)
7. Лос Анџелес, САД (1,4 трилиони долари)
8. Хонг Конг (1,3 трилиони долари)
9. Сиднеј, Австралија (1 трилион долари)
10. Сингапур (1 трилион долари)
Еве го графичкиот приказ и на статистиката за 15-те најбогати градови во светот (малку проширена листа).
Сепак, листата треба да се земе со извесна доза на резерва, бидејќи тоа не значи дека сите жители на овие градови се богати. На пример, во Лондон постои голем јаз помеѓу неговите најбогати и најсиромашни жители.
„Познато е дека економската нееднаквост во Велика Британија е огромна во споредба со другите напредни економии“, вели Абигејл МекНајт, водач на ова истражување.
Euromonitor International утврди дека слична е состојбата и во Лос Анџелес и Њујорк, кои имаат најголемо ниво на нееднаквост во приходите.