Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓
ASC наградите за најдобра кинематографија се своевидни Оскари за кинематограферската фела и уметниците од оваа филмска дејност.
„Најважната награда што може да ја посака еден кинематографер е оваа“, вели Самир Љума кој заедно со Фејми Даут се добитници на 34 доделување на „ASC“ наградите за најдобра кинематографија за документарен филм, пренесува Фронтлајн.
Наградата на кинематограферите од „Медена земја“, нашите Самир Љума и Фејми Даут им ја додели режисерот и продуцент на „Џокер“ Тод Филипс. Тој во својата најава покрај другото како што пренесува Dedline.com рече дека ова е златно време на документарниот филм (golden age for documentaries).
Најпрестижната награда што може да се додели во светот на кинематографијата е токму „ASC Award“ награда, којашто ја доделува Американската асоцијација на кинематографери (ASC).
„Медена земја“ има добиено повеќе од 15 награди на престижни фестивали ширум светот.