Сами во вселената: Новото истражување отфрла МОЖНОСТ ЗА ПОСТОЕЊЕ НА ВОНЗЕМЈАНИ


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Надоградената верзија на равенството на Дрејк сугерира дека ние како цивилизација сме целосно сами во вселената.

Иако секоја година од сите страни на Земјата доаѓаат пријави за појавување на голем број НЛО, никој со сигурност не знае дали човештвото е само во вселената или има уште некоја цивилизација. И покрај постојаното набљудување на околните ѕвезди и планети, луѓето никогаш немал доверлив контакт со вонземска интелигентна цивилизација, пишува Mirror.

Несигурното равенство на Дрејк

Прашање дали воопшто постојат вонзејмани е темел на парадоксот на Ферми, кој содржи математички модели како равенството на Дрејк. Иако е од шпекулативна природа, равенството на Дрејк има за цел да го процени бројот на можни цивилизации во вселената кои можат да се откријат, и тоа со оперирање со седум варијабли: N = R* • fp • ne • fl • fi • fc • L

N – број на цивилизации во галаксијата Млечен пат чии електромагнетни емитувања можат да се детектираат

R* – брзина на формирање на ѕвезда соодветна за развој на интелигентен живот

fp – фракција на тие ѕвезди со планетите

ne – број на планети, по соларен систем, со средина која поддржува живот

fl – фракција на соодветни планети во кои нов живот навистина настанува

fi – фракција на планетите со живот кои ги населуваат интелигентни форми на живот

fc – фракција на цивилизации кои развиле технологија која испушта во вселената знаци за своето постоење кои можат да бидат забележани

L – должина на временскиот тек во кој цивилизациите испуштаат во вселената сигнали кои можат да се забележат

Земајќи ги во предвид историските проценки, научниците додадоа одредена несигурност во равенството на Дрејк, поради што се уште помали шансите дека во скоро време ќе налетаме на вонземска цивилизација.

„Кога луѓето расправаат за равенството, неретко се слуша нешто како ’овој параметар не е сигурен, но ајде да нагаѓаме и да запамтиме дека станува збор за нагаѓање‘, па на крајот се доаѓа до резултати за кои и самите признаваат дека произлегуваат од нагаѓања“, објаснува авторот на студијата Андерс Сандберг.

„Откривме дека дури и со користење на техниката со нагаѓање, може да се дојде до тоа дека просечниот број на цивилизации во една галаксија да испадне доста висок, да речеме стотици, а сепак веројатноста дека сме сами во вселената да биде 30%“, додава тој.

Многу е веројатно дека сме сами

„Ако наместо тоа, се обидеме да го анализираме досегашното научно знаење, нештата стануваат уште поекстремни. Тоа е така затоа што веројатноста за настанок на живот и интелигенција на една планета е базиран на тоа што, иако знаеме дека има ’екстремна‘ несигурност, не можеме да ја отфрлиме можноста дека до тоа доаѓа секаде каде што постојат услови, но не можеме да ја отфрлиме ни можноста дека станува збор за исклучително астрономска веројатност“, објаснува Сандберг.

Што тогаш конкретно тимот за нашите шанси да воспоставиме контакт со вонземски вид? Искрено, не се оптимисти. Велат дека има и до 85% шанси луѓето да се сами во вселената, па дури и ако постојат вонземјани, веројатно се толку оддалечени од нас што се практично недостижни.

И покрај тоа, луѓето продолжуваат да трагаат низ вселената, во потрага по знаци на вонземски живот. Нашите сателити понекогаш фаќаат необични сигнали од многу далечни агли на вселената. Често ги нарекуваат FSB (Fast Radio Bursts).