Advertisements
Вебкафе

Сами си се открија: Вчерашниот „пад“ покажа вознемирувачки детали за сликите на Фејсбук

За време на вчерашниот „крах“ на социјалните мрежи Фејсбук, Инстаграм и ВатсАп, на кои имаше проблем со објавување и споделување на визуелни содржини, многумина од нивните корисници забележаа, како што посочуваат тие, вознемирувачки и ужасен детал поврзан со фотките на најголемата социјална платформа, Фејсбук.

Иако не можеа да се видат фотографиите на Фејсбук, можеа да ги видат „таговите“ на луѓето на фотографиите.

Познато е дека Фејсбук користи вештачка интелигенција за да ги идентификува објектите и луѓето на фотографиите и автоматски додава тагови за нив, но некои луѓе, сепак, овој детал ги вознемири многу.

Фејсбук вели дека основната причина за користење на тагови на овој начин е да се олесни користењето на оваа социјална мрежа, но не е познато дали овие информации ги користат и за рекламирање.

Овој начин на означување на луѓето на фотографиите се откриваат и многу лични информации за нив: нивните хоби, домашни миленици и слично. Тие инфомации можеби корисниците не сакаат секогаш да ги споделуваат со сите.

Судејќи според реакциите на Твитер, се чини дека многумина корисници на Фејсбук не знаат дека мрежата ги анализира фотографиите и на овој начин.

Advertisements
To Top