Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓
Бившата манекенка и денес Прва дама на САД, атрактивната убавица со словенечко потекло, Меланија Трамп важи за убава, одржана и заводлива жена која успешно ги „покорува“ годините пред нивниот налет врз нејзиниот изглед.
Таа ретко зборува за себе и приватниот живот, но врз основа на неколку „поопуштени“ интервјуа што ги има дадено низ годините, може да се донесат неколку заклучоци во врска со нејзиниот начин на исхрана и животен стил. Таа внимава на исхраната, но не е престрога кон себе, иако е многу дисциплинирана.
Секој ден го почнува со исто јадење
Покрај тоа дека како прва дама на САД е многу зафатена, 47-годишната Меланија има време за појадок што мора да биде здрав. Пред неколку години во интервју за списанието „GQ“ рече дека денот го почнува со овесна каша што е познато дека е богата со растителни влакна, како и смути од неколку состојки полни со витамини.
Секој ден јаде одредено количество разновидно овошје
Ако се прашувате како убавата Словенка ја одржува витата линија и блескавата кожа, одговорот е во исхрана богата со овошје што содржи антиоксиданси. Во едно интервју откри дека секој ден јаде најмалку седум овошја.
Ништо не си скратува и забранува
Поради фантастичната линија, многумина би си помислиле дека Меланија воопшто не внесува шеќер во исхраната. Напротив, таа вели дека нема некое конкретно омилено благо задоволство, но ако ѝ се јаде благо си ја задоволува желбата со овошје или чоколада. Таа вели дека тоа му е потребно на телото и дека понекогаш сака да јаде сладолед.
Никогаш не држи строги диети
На Меланија ѝ е многу важно да внесува многу вода во текот на денот, а никогаш не јаде мрсна или висококалорична храна. Откако го родила синот Барон ја вратила фигурата со здрава, балансирана исхрана и пилатес два до три пати неделно. Не верува во строги диети, туку во балансирана исхрана и вежбање.