Салах сепак го нарушува постот поради финалето!


Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓


Едно од најголемите прашање пред утрешното финале во Лигата на шампиони е дали ѕвездата на Ливерпул, Мохамед Салах ќе биде во посакуваната форма, поради Рамазанскиот пост.

Шпанскиот физиотерапевт на Ливерпул, Рубен Понс откри пред медиумите дека Египќанецот ќе го прекрши постот, за да биде во добра кондиција за дуелот со Реал Мадрид.

„Од тоа што го знам, додека бевме во Марбеља го запазуваше постот. Направивме план за следните денови. Во четврток, петок и на денот на мечот, тој ќе го наруши постот. После финалето повторно ќе почне за го запазува постот“, откри Понс.

Во претходните денови се тврдеше дека Салах ќе се држи до постот и дека ќе јаде два часа пред финалето, после заоѓањето на синцето.