Салах и Ловрен на кафе муабет: Ти ми ја уби самодовербата!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Играчите на Ливерпул се спремаат за големото финале во Лигата на шампиони против Реал Мадрид во сабота, а „црвените“ на својот Јутјуб канал објавија интересно видео во кое главни актери се Салах и Ловрен.

Хрватот и Египќанецот се исклучително добри пријатели и неразделни колеги од соблекувалната, па седнаа на „кафе муабет“.

„Мислиш дека нашето пријателство ти помогна да играш подобро во последно време?“, го праша Салах хрватскиот репрезентативец.

„Да бидам искрен, ми ја уби самодовербата“, одговори Ловрен.

„Зошто ти никогаш не се смееш кога ќе постигнеш гол. Зарем не си среќен?“, го праша Ловрен египетскиот репрезентативец.

„Кога постигнуваш толку многу, станува нормално“, имаше спремен одговор Салах.