Салах и Кејн му кажале НЕ на Реал Мадрид


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Двајцата најдобри стрелци од минатата сезона во Премиер лигата – Мохамед Салах и Хари Кејн му дале „корпа“ на Реал Мадрид во летниот преоден рок, пренесуваат шпанските медиуми.

Според „Ел Паис“ Реал Мадрид минатиот месец преку посредници минатиот месец стапил во контакт со двајцата фудбалери, меѓутоа двете ѕвезди не покажале никаков интерес за да се преселат на „Сантиаго Бернабеу“.

Салах бил категоричен и го продолжи договорот со Ливерпул, додека Тотенхем одговорил дека Кејн не е на продажба се додека самиот фудбалер не побара трансфер, но во таков случај ќе бараат 250 милиони фунти. Меѓутоа, самиот Кејн не изразил желба да го напушти Тотенхем ова лето.

Единствен од играчите кои Перез ги сакал како потенцијална замена за Кристиано Роналдо, а кој имал интерес да се пресели во Реал, бил Еден Азар. Меѓутоа, Белгиецот не сакал да влегува во „војна“ со Челзи и да го притиска раководството на „сините“ да биде продаден.

Другите две големи трансфер цели на „кралевите“ – Килијан Мбапе и Нејмар исто така во моментов се невозможни за реализација, бидејќи ПСЖ е спремен да ја одбие секоја понуда која што ќе пристигна на нивна адреса.