Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Познатата бразилска манекенка Жизел Бунхен, преку својата нова книга со мемоари „Lessons: My Path to a Meaningful Life“ („Лекции: Мојот пат кон живот со смисла“), откри многу детали до својот приватен живот. Книгата во продажба ќе излезе за неколку дена.
View this post on Instagram
Во мемоарите Жизел говори и за своите први напади на паника кои почнале да се случуваат пред 15 години и кои на крајот ја довеле до состојба да размислува за самоубиство.
View this post on Instagram
„Навистина размислував за тоа дека ако скокнам од балкон, најпосле ќе има крај и дека нема да можам да се грижам за мојот свет кој сè повеќе се смалуваше. Мислев дека сè околу мене може да ме убие. Прво тоа беа авионите, после лифтовите, тунелите, хотелите, студијата, па и автомобилите. На крајот имав страв и од својот стан. Сето околу мене стануваше кафез, се чувствував како заробено животно и не можев нормално да дишам. Помислував дека сè ќе биде полесно кога едноставно би скокнала“, раскажува манекенката за People и додава дека нејзиниот живот го спасиле лекарите.
View this post on Instagram
„Пушев, пиев по едно шише вино дневно и по три кафиња, а од сето тоа се откажав во еден ден“, признава Жизел која денес живее семејна идила со сопругот Том Брејди и двете деца.