„Сакав да ја убијам“: Признание на Македонецот кој си ја закла сопругата во Австрија


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


36-годишниот Џемаил М. по потекло од скопското село Ласкарци, кој на паркинг пред маркет во австрискиот град Тулин ја избоде до смрт неговата 32-годишна сопруга Земира К., пред австриските истражни органи признал дека имал намера и сакал да ја убие сопругата, како и дека не се кае за стореното убиство, пренесува Мкд.мк.

„Да, сакав да ја убијам“, изјавил Џемаил за австриските полициски служби.

Според медиумите Џемаил.М, работел како молер во фирма за фасади и имал проблеми со коцкање. Тој и претходно ѝ бил познат на полицијата, односно бил осуден на шестмесечна условна казна поради насилство, по што сопругата избегала во прифатилиште за жени.

Но неговата сопруга по извесен период повторно го примила назад, по што полицијата интевенирала на 6 јануари. Замира.К. се обидела да издејствува забрана за пристап на сопругот, а нејзиното барање требало да биде разгледано во надлежниот суд во Санкт Пелтен.

Џемаил.М. сакал да ја одврати сопругата од нејзината намера, па ја чекал на паркингот пред супермаркет во Тулн. Но, таа одбила да разговара и се упатила кон нејзиниот автомобил. Пред да го стартува возилото, таа била избодена со нож во вратот, по што искрварила до смрт на местото на злосторството, пренесува австрискиот весник „Хојте“.

Децата на брачната двојка се на возраст од шест и десет години и по трагедијата биле згрижени од институциите.

На Џемаил му се заканува затворска казна од 20 години.