Сакате верувајте, сакате не – има 71 година!


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Отсекогаш се грижела за своето тело и своето здравје, обожава да вежба и оди на спа третмани, но исто така, од време на време сака да си касне и вкусен ќебап.

Ајда Пекан има 71 година и моментално веројатно е најмладоликата баба во цела Турција, па и во светот. А која е нејзината тајна? Вели дека тајната за нејзината младоликост, всушност, е многу вкусна, а станува збор за ќебапи. Добро, со по уште некој трик.

A post shared by Ajda Pekkan (@ajdapekkan) on

Во интервју за локална телевизија изјави дека редовно вежба и оди на тренинзи и спа третмани против стареење, а призна дека се подложила и на пластична корекција на градите. Но, она на што посебно внимава е здравата, разновидна и балансирана исхрана, пишува Ladbible.

A post shared by Ajda Pekkan (@ajdapekkan) on

A post shared by Ajda Pekkan (@ajdapekkan) on

„Секогаш посебно внимавам што јадам, но не можам да речам дека се стегам или си забранувам одредени намирници. Сакам да јадам ќебапи и риба, подеднакво. Но, она што е важно е дека секогаш менито ми е разновидно и многу се грижам околу исхраната“, вели таа откривајќи ја и својата утринска рутина за исхрана.

Освен храната, важни се и генетиката и редовното спортување

„Секое утро пијам вода со мед, ѓумбир и лимон“, вели оваа секси-баба, а овој магичен напиток не е само здрав, туку и превкусен почеток на денот.

„Никогаш не сум сакала да станам жена на која ќе се восхитуваат другите, но отсекогаш едноставно се грижев за своето тело. Покрај исхраната, сметам дека за добра форма се важни и генетиката, како и редовното спортување“, вели 71-годишната Ајда која во 1980 година ја претставуваше Турција на Евросонг.

A post shared by Ajda Pekkan (@ajdapekkan) on

Во текот на својата музичка кариера издаде над 20 албуми кои беа продадени во над 42 милиони примероци ширум светот.