Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Ако планирате во скоро време за првпат да станете татко, заборавете на тесниот долен веш, бидејќи тие ги убиваат сперматозоидите.
Тоа го покажа неодамнешната студија објавена во весникот „Human Reproduction“. Затоа момците кои сакаат да станат татковци се препорачува да носат покомотен долен веш, како боксерици.
Во споредба со момците кои носат тесен долен веш, тие кои преферираат боксерици имаат поголем број и концентрација на сперматозоиди, а и нивната подвижност е многу подобра.
Тим од експерти предводен од Лидија Минјез Аларкон од харвадрската т.н. Чан школа за јавно здравство во Бостон, спроведе истражување на сперматозоидите на 656 момци со нормална телесна тежина во доба од 18 и 56 години, чии партнерки таму се лекувале од неплодност.
Заклучија дека кај момците кои носат боксерици концентрацијата на аперматозоиди била за 25% поголема од оние во групата испитаници кои носеле слип тесен долен веш.
Причината за тоа е, сметаат експертите, пониската температура околу тестисите, а уште од порано е познато дека успешното производство на сперматозоиди бара температура која е околу 4 степени пониска од просечната телесна температура.
Тоа го потврди и професорот Ричард Шарп од Универзитетот во Едимбург кој се занимава со научно истражување во Центарот за репродуктивно здравје.
Со него е солгасен и професорот по ендокринологија, од оксфордскиот Центар за Дијабетес, ендокринологија и метаболизам, Ешли Гросман, и додава дека резултатите од студиите се доволно значајни за таква мала животна промена.
Истовремено научниците од другите краеви на светот укажуваат на низа празнини во истражувањето кои оставаат место за сомнеж и истакнуваат потреба за дополнителни истражувања.
Имено, додека учесниците во истражувањето во болнички установи дадоа на анализа примероци на сперматозоиди и крв, одговорите на прашање за долниот веш им беа лични и веројатно нерелевантни.