Сакате подолг секс?! – Ви нудиме неколку корисни совети


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Што повеќе размислувате за својот оргазам, тој е поблиску. Ако се погрижите таа прва да доживее оргазам, ќе се ослободите од психолошката тензија.

Дали знаевте дека сексот во просек трае пет до десет минути, а повеќе од две третини од момците сакаат подолг секс. Прочитајте ги советите кои ќе ви помогнат да дознаете како да стигнете до подолг секс…

Заборавете на оргазмот

Што повеќе размислувате за својот оргазам, тој е поблиску.Обидете се да се концентрирате на партнерката, на нејзината мека кожа, предизвикувачките воздишки или нејзиното лице. Потрудете се да го почувствувате задоволството со сите чула, а притоа да не мислите на својот оргазам.

Вежби

Мускулот со кој го контролирате оргазмот е истиот тој со кој го контролирате уринирањето. Со неговото стискање ќе го прекинете уринирањето. Што повеќе го стискате, всушност го „тренирате“ и си овозможувате себси одлагање на оргазмот кога вие тоа го сакате. Оваа вежба може да ја правите било каде и било кога.

Тренирајте

Кога мастурбирате, концентрирајте се на тоа како изгледа нејзиниот оргазам. Обидете се да го продолжите времето до оргазмот, дадете си себеси време до кое сакате да издржите. Поместете го траењето за само неколку минути, па по некое време за уште неколку минути и така натаму додека не стигнете до посакуваното време.

Спремете се

Сексуалниот чин има четири фази: возбудување, единечен дел, оргазам, разрешување… Трикот е да препознаете кога се наоѓате во која фаза. Ако ги подредувате фазите од прва до последна по броеви од 1 до 10, трудете се да одржувате што подолга состојба околку бројот 7.

Бидете џентлмен

Дали некогаш сте слушнале за правилото „Дамите имаат предност“? Почитувајте го ова правило и кога станува збор за сексот. Ако се погрижите таа прва да доживее оргазам,
ќе се ослободите од психолошката тензија која можеби ја имате и ќе се опуштите.

Нека таа биде горе

Кога е таа горе, помала е стимулацијата, па е полесно да се одложи оргазмот, особено ако и дадете до знаење дека „оди полека“.

Антидепресиви

Истражувањата покажаа дека дури 73% од момците кои користат антидепресиви имаат проблем со прерана ејакулација. Така што, не грижете се, не сте одговорни за се што се случва во вашето тело и не значи дека одредената состојба е трајно.

Втора партија

Ако првиот пат трае кратко, потрудете се да има и втора партија. Вторпат најчесто трае подолго. И, секако, што повеќе вежбате, трудот ќе ви се исплати.