Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Тинејџерка која сакаше да си ја продаде невиноста за да си купи нов iPhone, кога се појави во хотелската соба каде што требаше да се изврши чинодејствието, остана во шок кога полуголи мажи ја врзаа за кревет.
Ксиао Чен својата понуда ја објави на онлајн форум, а за невиноста бараше 20.000 јуани (околу 2.500 евра).
Но, кога девојката се најде сама во собата со четворица мажи кои почнаа да ја злоставуваат, ненадејно се појави Нана, позната блогерка од Пекинг, која од мажите бараше тинејџерката да ја остават на мира.
Нана ја организираше сета таа „акција“ за да ја научи девојката на памет. На интернет ја нашла објавата со која девојката ја нуди својата невиност, а потоа се преправала дека е секретарка на богат клиент, па ја викна Ксиао на разговор.
Сето тоа тајно го снимаше, а на снимката се гледа како девојката вели дека сака да ја продаде својата невиност за да си купи iPhone 8, бидејќи „сите нејзини пријатели веќе имаат таков“.
Нана, инаку, во својата емисија се занимава со животните ситуации на луѓето, а при разговорот со тинејџерката се обиде да ја одврати од намерите. Не успеа во тоа, па Ксиао доби депозит.
Но, кога го доби телефонот и влезе во собата за да се запознае со клиентот, од бањата излегоа тројца мажи кои рекоа дека „и тие сакаат малку забава“.
Девојката ја фрлија на кревет со закани дека групно ќе ја силуваат, а тогаш во собата влезе Нана. „Се плашиш ли сега? Но, сега е предоцна. Не се исплаќа да продаваш било што за телефон“, велеше Нана.