„Сакам да си го отворам черепот“: Мистериозен статус пред смртта на Инстаграм блогерката


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


,Грчките власти веруваат дека 20-годишната австралиска Инстаграм манекенка и блогерка, Шинед МекНамара, која почина минатата недела за време на одморот во Грција, сама си го одзела животот.

Шинед беше пронајдена во бесвесна состојба, заплеткана во јажето од суперјахтата на мексиканскиот бизнисмен Алберто Баљерес, кој се наоѓа на чело на втората најголема рударска компанија во Мексико. Неговото богатство се проценува на 9,6 милијарди долари.

A post shared by Salt Bby ? (@sineadmcnamara) on

Иако лекарите од локалната болница дадоа сè од себе за да го спасат животот на Шинед, таа набрзо падна во кома, а почина за време на летот кон болницата во Атина.

МекНамара, која потекнува од Порт Мекваер, на северот од Нов Јужен Велс, четири месеци работеше како стјуардеса на јахтата Mayan Queen IV.

A post shared by Salt Bby ? (@sineadmcnamara) on

„Судејќи според сите факти, сама си го одзела животот. Очекуваме дека тоа ќе се потврди и со обдукцијата во наредните неколку дена“, изјави официјално лице од грчката полиција за The Sunday Times.

Две недели пред ненадејната смрт, МекНамара објави загадочен статус на Инстаграм, кој сега добива сосема друга, конкретна димензија и значење.

„Мојата глава е насекаде. Вратете ме во времето кога единствена мисла не ми беше како да си го отворам черепот“, напиша таа во статусот.

A post shared by Salt Bby ? (@sineadmcnamara) on

Полицијата од Кефалоија за The Australian изјави дека полицијата од Аргостолија ја истражува смртта на младата девојка. Иако грчките медиуми објавија дека очигледно смртта не била насилна (не станува збор за убиство), полицијата и понатаму прави детална истрага.

Нејзината мајка и сестра патувале кон Грција кога ја дознале страшната вест. Само четири дена пред смртта, Шинед на Фејсбук испрати роденденска честитка до својата сестра со порака дека одвај чека да се видат за пет дена.