Сакала да се самоубие откако ја силувал Роналдо


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Адвокатите на Кетрин Мајорга, жената која периодов е актуелна во медиумите заради обвинувањата упатени кон Кристиано Роналдо за силување кое тој го извршил врз неа во 2009 година, велат дека таа планирала да се самоубие по наводниот инцидент.

34-годишната Мајорга тврди дека откако се случил наводниот сексуален инцидент, Роналдо испратил свој тим, кои ќе го попречат прогонот против него. За да избегне откривање на случајот, таа потпишала договор, а за возврат добила 268.000 долари. Но, пред неколку дена Мајорга размислила и отишла во полицијата во Лас Вегас и побарала истрагата за нејзиниот случај повторно да продолжи. 33-годишниот играч ги отфрли сите обвиненија против него.

Адвокатите на Кетрин Мајорга одржаа прес-конференција во Лас Вегас, на која споделија каква е психијатриската проценка на жената. Се проценило дека во тој период таа била ментално неспособна за да направи таква спогодба.

Мајорга изгледала „емоционално многу кревка и исплашена“, кога давала инструкции на своите адвокати.

Таа споделила уште дека по наводната сексуална злоупотреба се соочува во депресија, планирала да стави крај на својот живот, злоупотребувала алкохол, имала е тешкотии при одржувањето на лични односи со други луѓе.

Нејзините адвокати, исто така, тврдат дека посттрауматското нарушување и депресијата се резултат на силување. Нападот врз нејзе предизвикал сериозни ментални и емоционални штети.

Мајорга го напуштила Лас Вегас за да го избегне огромното внимание на медиумите кон неа. Таа не беше присутна на прес-конференцијата.