Сајтот на Министерството за култура е „каша попара“, се објавуваат информации и на албански и на македонски


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


На фејсбук-профилот на Министерството за образование и наука вчера осамна првиот пост по два месеца, кој прво беше објавен на албански, па со превод на македонски јазик

Македонскиот јазик воопшто не е видлив на информацијата на профилот на МОН, пред да кликнете See more.


На официјалната страница на Министерството за култура паралелно се објавуваат информации на македонски и на албански јазик, што создава конфузија кај читателите. На сите други министерства интернет-страниците си имаат албанска, а некаде и англиска верзија.

Оттаму велат дека е во тек постапка за јавна набавка на нова современа платформа за веб-страницата, која ќе биде тројазична – на македонски, албански и на англиски јазик.

– Кога ќе заврши постапката, ќе добиеме нова веб-страница која ќе има јазична поддршка на трите јазици, а дотогаш поради застарената платформа на постојната веб-страница, од технички причини сме принудени информациите да ги закачуваме на овој начин – велат од Министерството за култура.

На фејсбук-профилот на Министерството за образование и наука вчера осамна првиот пост по два месеца, односно откако нов министер е Арбер Адеми. Проблемот е што пред да кликнете на See more, информацијата е видлива само на албански јазик. Македонскиот воопшто го нема.

Од МОН велат дека не гледаат никаков проблем.

– Распоредот на пораките, на кој јазик попрво, е сосема техничко прашање. Битни се пораките што им се даваат на граѓаните, како и воспоставувањето комуникација со нив и преку социјалните мрежи. Не бидете изненадени доколку другиот статус биде објавен прво на македонски, па потоа на албански јазик. Можно е за многу краток временски рок пораките да се пренесуваат, освен на македонски и на албански, и на англиски и на други јазици. Целта ни е да комуницираме со јазиците со кои се разбираме со граѓаните – велат од МОН.
Интернет-страниците на сите други министерства се на македонски јазик, со опција за верзија на албански јазик, а некаде и на англиски јазик.

Извор: Факултети