Сагата заврши: Кутињо ОФИЦИЈАЛНО играч на Барселона!


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Сагата околу трасферот на Филипе Кутињо конечно заврши, Бразилецот и официјално е играч на Барселона.

Медиумите денес најавија дека трансферот е само прашање на часови, а денес Барселона и официјално потврди дека Кутињо потпишал 5-годишен договор.


Дејли меил објави фотографии на кои се гледа како Бразилецот заминува за Барселона на аеродром.

Барселона на Ливерпул за неговиот потпис ќе му плати 120 милиони евра, плус дополителни 40 милиони во име на бонуси, пишува Спортски.мк.

Со тоа Бразилецот ќе стане трет најскап фудбалер во историјата на фудбалот, веднаш после Нејмар и Мбапе.