Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Националниот парк Најроби во Кенија беше првата станица на Меланија Трамп во рамки на нејзината африканска турнеја, прва откако нејзиниот сопруг Доналд Трамп стана претседател на САД.
А за посетата на овој национален парк, Меланија избрала поприлично впечатлива модна комбинација за која пишуваат сите медиуми. Убавата Словенка се одлучила за панталони, чизми до колена и бела кошула, додека како главен детал на главата носела необична капа. Токму поради овој детаљ, добила многубројни критики.
View this post on Instagram
Имено, како што многу луѓе заклучија, овој вид на капа потсетува на шлем и го симболизира колонијалното владеење и сила.
„Капата која носиш, ја носеа колонијалистите од мрачниот период што не им се допаѓа на Африканците. Кој те советувал да ја ставиш на глава? – прашал еден лут корисник на интернет, додека друг додал дека тоа е “одраз на нејзиното застарено разбирање за Африка“.
View this post on Instagram
Инаку овој вид на капа често ја носеле европските патници и истражувачи кои ги посетувале местата како Африка, југоисточна Азија и тропските краеви во 19-тиот век.
Воениот персонал од земјите како Британија, Франција, Шпанија и Италија ја носеле капата и командувале со колонијални војски, пишува британски „Индепендент“.