Саем на кариера во УКИМ


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Агенцијата за млади и спорт за прв пат годинава го организира настанот „Саем на кариера 2018“, кој ќе се одржи на 15-ти мај (вторник), со почеток во 10:00 часот на локацијата Кампус на општествени науки при Универзитет Св. „Кирил и Методиј“.

Целта на овој настан е младите да се информираат и да стапат во директен контакт со компаниите, со можност да бидат селектирани за обука, пракса или пак вработување.

На платото на УКИМ сите компании кои ќе земат учество ќе имаат отворени штандови, а единствено што се бара од секој млад посетител на саемот, е со себе да понесе кратка биографија во електронска форма.

Агенцијата за млади и спорт како институција која се грижи за развој на младите и нивна интеграција во работниот процес, со ваквиот настан овозможува вмрежување на младите, институциите и бизнис секторот.

Тоа што настанот се одвива пред крајот на студиската година, им овозможува на студентите полесно да стапат во контакт со компании во кои можат да ја исполнат задолжителната пракса во летниот период.

Од друга страна ова е одлична можност за компаниите, да дојдат до база на податоци од студенти кои се заинтересирани за работа и пракса, со можност за потенцијални нови вработувања.