Садуал Дуарки си поднесе оставка од позицијата министер за животна средина


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Садула Дураки денес ја поднесе својата оставка од министерската позиција во Министерството за животна средина, откако беше предложен во рамки на владината реконструкција да го заземе министерското место за политички систем.

Во оставката која писмено ја врачи до премиерот Зоран Заев вели дека реализирал многу мали и големи проекти во време на неговото раководење на ресорното министерство кои ќе остават траен позитивен белег во зачувување и унапредување на животната средина.

„Не би сакал да звучам нескромно, но многу мали и големи проекти спроведени од страна на Министерството, во време на моето раководење со истото, ќе остават траен позитивен белег во зачувување и унапредување на животната средина. Сепак, морам да нагласам дека, за жал, во некои области од животната средина сè уште сме немоќни да направиме подобрување или одржување“, се вели во оставката објавена од Министерството за животна средина.