Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Претседателот на САД Доналд Трамп објави прекин на летовите на сите авиони Боинг 737 Макс, моделот на гигантот Боинг кој во неделата се урна во Етиопија при што загинаа 157 луѓе.
„Итно ќе прогласиме сопирање на сите летови на 737 макс 8 и 737 макс 9“, кажа Трамп и додаде дека „безбедноста на Американците и сите патници е нивниот апсолутен приоритет“.
Генералниот директор на Боинг Денис Мјуленберг веднаш реагираше и повторно изрази целосна доверба во безбедноста на 737 Макс. Објасни дека самиот конструктор препорачал привремено приземјување на флотата авиони.
Вчера Европската агенција за безбедност на воздухопловниот сообраќај (ЕАСА) ги прекине сите летови на просторот на ЕУ за авионите боинг 737 макс 8 и 737 макс 9 поради фаталното уривање во неделата.
Британија, Германија, Франција и Ирска беа последните во низата држави кои објавија дека ги затвораат своите воздушни простори за авионите на Боинг.
Стравот од несреќа избриша милијарди долари од пазарната вредност на најголемиот светски произведувач на авиони бидејќи акциите на компанијата Боинг ко изгубија речиси пет отсто од вредноста завчера.
Речиси 40 отсто од активната флота од 371 авион боинг 737 макс се приземјени на светско ниво, според Флајтглобал, а тоа вклучува и 97 авиони на најголемиот пазар, во Кина.