САД спремни да седнат на маса со Русија


Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓


За време на вчерашниот разговор со својот руски колега Јуриј Ушаков, Џејк Саливан, советник за национална безбедност на американскиот претседател Џозеф Бајден, ја изразил подготвеноста на Вашингтон да се вклучи во дипломатијата преку неколку канали, вклучително и билатерални разговори, соопшти Белата куќа.

Саливан му рекол на Ушаков, советник за надворешна политика на рускиот претседател Владимир Путин, дека „секој дијалог мора да е заснован на реципроцитет и треба да реагира на загриженоста (на САД и нивните сојузници) за дејствијата на Русија“.

Британската агенција наведува дека Москва го вознемирила Западот со трупањето војници во близина на Украина и дека минатата недела презентирала листа на безбедносни предлози за кои сака да преговара, вклучувајќи и барање НАТО да се откаже од каква било воена активност во Источна Европа и Украина.

„Саливан рече дека САД се подготвени за дипломатски контакти преку многу канали. Можеме да зборуваме посебно и за билатералните контакти, преку Советот Русија-НАТО, или во рамките на ОБСЕ“, се наведува во соопштението на Советот за национална безбедност на САД, кое го пренесе руската агенција Интерфакс.