САД со апел до Турција да не ја претвора Аја Софија во џамија


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Американскиот државен секретар Мајк Помпео вчера упати официјален јавен апел до Турција да не ја претвора поранешната базилика Аја Софија во џамија, како што сака турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган.

„Ги повикуваме турските власти да продолжат да ја сочуваат Аја Софија како музеј, да ја покажат нивната заложба за почитување на културните традиции и богатата историја што ја формирала Турската Република и да гарантираат дека таа ќе остане отворена за сите“, напиша Помпео.

Турскиот државен совет утре ќе го разгледа барањето на здруженијата кои сакаат да ја претворат поранешната православна цркава ,а сега музеј Аја Софија, во џамија.

„Соединетите држави сметаат дека секоја промена во статусот на Аја Софија би претставувала ограничување на наследството на таа исклучителна градба“, додаде Помпео.

Портпаролот на турското Министерство за надворешни работи Хами Аксој вели дека Турција е “изненадена” од ваквите изјави, додавајќи дека “никој нема право да зборува со предупредувачки тон за нашите суверени права”.

Аја Софија, истанбулската црква од VI. век, е запишана на списокот за светското културно наследство на УНЕСКО. Црквата била изградена од Византијците и била катедрална базилика и најголема црква во тоа време, а Османлиската Империја ја претворила во џамија во 14. век , за да стане музеј во 1935 година.

Минатата година Ердоган ја нарече трансформацијата на Аја Софија во музеј за „голема грешка“.