Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Кошаркарските ѕвезди во подем од најсилната кошаркарска лига во светот, американската НБА, го отворија „ол-стар“ викендот во САД со дуелот во кој американските кошаркари го победија тимот на остатокот од светот со 151:131.
Светот одлично го почна мечот, ја доби првата четвртина со 39:30, на полувремето имаа предност од 81:71. Но работите се променија во третиот период кој беше клучен за победата, во него САД постигнаа 44 поени, а кошаркарите од остатокот од светот само 22. На крајот Американците победија со 151:131.
Најефикасен во победничкиот состав беше Пашал со 23 поени, Секстон постигна 21. Во селекцијата на Светот Барет реализираше 27, Кларк 22.
Лука Дончиќ кој реализираше 16 поени, го имаше потегот на мечот кога погоди од својата половина.