САД привремено го суспендираше издавањето на зелени карти


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Првиот човек на САД, претседателот Доналд Трамп, соопшти дека потпишал наредба за привремен прекин на издавањето зелени карти за да се заштитат вработените американски граѓани за време на кризата со коронавирусот.

„Потпишав наредба за привремено прекинување на имиграцијата во САД. Ова ќе им овозможи на Американците што се без работа и без оглед на потеклото, да бидат првите што ќе добијат работа за да почнеме постепено ја покренуваме економијата“, рече Трамп доцна синоќа.

Мерката треба да трае 60 дена со можност за продолжување.

Трамп додаде дека тоа нема да се однесува на привремените работни визи, туку само на зелените карти што нудат статус на постојан престој во САД.