Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Сенатот на САД по скратена постапка со 91 глас „ЗА“ и само 2 „ПРОТИВ“ го ратификуваше Протоколот за членство на Македонија во НАТО. Според сенаторите, ова е порака до сите европски земји со НАТО аспирации дека со напорна работа може да станат членки на најсилниот Сојуз во светот.
Веднаш по ратификацијата се огласи и американската амбасада во Скопје.
-Американскиот Сенат гласаше со огромно мнозинство за да го одобри протоколот за пристапување на Северна Македонија во НАТО. И честитаме на земјата за напорната работа за да стигне до оваа точка. Со нетрпение очекуваме да ве пречекаме во блиска иднина како 30-ти сојузник во НАТО, се вели во објавата на Фејсбук.
Благодарност за рафитикацијата испрати и државниот врв.
САД е 25 земја членка на НАТО која го ратификуваше овој протокол. Остануваат уште четири земји-членки, а најголем проблем е ратификацијата во Шпанија поради внатрешната ситуација. Откако сите 29 земји-членки ќе го ратификуваат Протоколот Македонија и официјално ќе стане членка на Алијансата.
Македонија очекува тоа да се случи до самитот на Алијансата во декември во Лондон, но политичката криза во Шпанија може да го одложи процесот. Шпанија нема влада, поради што официјалниот влез во Алијансата би можел да се одложи за неколку месеци.