САД не памети нешто вакво: Играчите од НФЛ му се одмаздуваат на Трамп (фото)


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Претседателот на САД, Доналд Трамп доби жесток одговор откако јавно ја осуди постапката на поедини играчи кои клекнаа при интонирањето на химната во знак на протест против насилството над Афроамериканците.

Трамп ги осуди играчите кои не стоеа при изведувањето на химната, туку клекнаа со цел да изразат незадоволство поради бруталноста на полицијата према Афроамериканците, па повика на бојкот на лигата и исфрлање на играчи.

Меѓутоа вчера голем број на играчи интонирањето на химната го искористија да клекнат и на тој начин да се солидаризираат со нивните колеги, а во тоа учествуваа и некои тренери, па дури и сопственици на клубови.

НФЛ играчите на овој начин му одговорија на претседателот Трамп и испратија силна порака.