САД како во времето на Дивиот запад – ново пукање и убиство во училиште


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


17-годишниот ученик Остин Вајат Ролинс отворил оган од огнено оружје во средното училиште во градот Анаполис, американската држава Мериленд, при што тешко повредил други двајца ученици.

Остин Вајат Ролинс кој пукал бил убиен во размената на оган со припадникот на обезбедувањето Блејн Гаскл на училишниот кампус, изјави локалниот шериф.

Утринава, ученикот Остин Вајат Ролинс пукал во друг ученик и ученичка во средното училиште во Грејт Милс, во округот Сент Мери, поради што интервенирал припадникот на обезбедувањето, изјави шерифот Тимоти Камерон на прес-конференцијата, пренесе Си-ен-ен.

„Нашиот училишен полицаец, кој бил стациониран во училиштето, интервенирал и започнала размената на оган. Тој го бркал напаѓачот, го фатил и пукал во него, а истовремено и напаѓачот пукал во службеникот, но тој не е повреден“, изјави шерифот.

Брзиот одзив на единствениот службеник на обезбедувањето од училиштето во Мериленд, Блејн Гаскл, имаше клучна улога за брз крај на инцидентот, наведе Си-ен-ен.

Ученикот кој е сериозно повреден од напаѓачот, е на возраст од 14 години, сега е во стабилна состојба во локалната болница, а 16-годишната ученичка здобила сериозни повреди и се наоѓа во критична состојба.

Еден од учениците на Твитер напиша дека бил во училницата за време на пукањето, и дека никогаш во животот учениците не биле толку исплашени, пренесе Си-би-ес.

Во училиштето, се наведува, учат 1.600 ученици и се наоѓа на 70 километри од Вашингтон.

Инцидентот се случува нешто повеќе по од еден месец по пукањето во средното училиште во Флорида, каде што 17 ученици беа убиени.