Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓
Американската кошаркарка од женската НБА лига, Бритни Грејнер, која со месеци беше држена во руски затвор, обвинета за поседување наркотички средства, е ослободена денеска во размена на затвореници меѓу САД и Русија, а за меѓународниот трговец со оружје Виктор Бут, јавија дел од американските медиуми.
-Предмалку зборував со Бритни Грејнер. Таа е на безбедно. Таа е во авион и си оди дома, рече претседателот Џо Бајден на Твитер.
Администрацијата на Бајден беше под голем притисок да обезбеди ослободување на Грејнер. Ова се смета за делумен, но барем некаков успех по повеќемесечните преговори со Москва. Многумина се надеваа дека Бут ќе биде разменет за двајцата Американци, Грејнер и екс-маринецот Пол Вилан, осуден за наводна шпионажа во Москва кој веќе четири години е во затвор, но Русите сепак се држеа до формулата „еден за еден“.
Очигледно, Грејнер имала предност.
Од Белата куќа изјавија дека претседателот зборувал со неа од овалната соба, придружен од нејзината сопруга Черел Грејнер, потпретседателката Камала Харис и државниот секретар Ентони Блинкен.
Moments ago I spoke to Brittney Griner.
She is safe.
She is on a plane.
She is on her way home. pic.twitter.com/FmHgfzrcDT— President Biden (@POTUS) December 8, 2022
Договорот за размена на затвореници бил финализиран минатата недела, размената се извршила во Обединетите Арапски Емирати.
За да осигура ослободување на Грејнер, претседателот нареди Бут да биде ослободен и вратен во Русија. Бајден потпиша уредба за помилување со што ја скрати 25 годишната затворска казна на Бут, осуден за заговор за продажба на оружје на лица кои имале планови да убиваат Американци.
Русинот Бут е познат и како „трговец на смртта“, а неговиот лик е одглумен од актерот Николас Кејџ во холивудскиот филм „Господар на војната“.
Грејнер беше задржана во московски аеродром во февруари, откако службените лица во патната торба и најдоа масло од канабис. Оваа супстанца се смета за наркотичко средство и е забранета во Русија.