Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓
Претседателот на САД, Доналд Трамп, и вицепремиерот на Кина, Лиу Хе, ја потпишаа првата фаза од трговскиот договор меѓу двете најголеми економии на планетата и најавуваат дека наскоро ќе започне втората фаза од реализација на истиот.
Договорот треба да стапи во сила во февруари и да стави крај на две годишната трговска војна.
„Денес, кога го потпишуваме овој историски трговски договор, правиме епохален чекор, како што никогаш досега не сме направиле кон Кина, кон идна фер и реципрочна трговија“, рече вчера Трамп.
Кина се согласи да купи американска стока во вредност од 200 милијарди долари во следните две години, вклучително и десетици милијарди земјоделски производи, пренесува Dpa.
„Одржувањето на овие две џиновски и моќни нации заедно во хармонија е многу важно за светот. Денес светот гледа кон нас“, рече Трамп на 75-минутната церемонија на потпишување на договорот.
Договорот содржи механизам на принудување. „Ако се постигне втората фаза, ние ќе ги намалиме тарифите за Кина“, вети американскиот претседател и додаде: „Заедно ги исправаме грешките од минатото“.
„Ова е добро за Кина, добро е за САД и за целиот свет“, рече вицепремиерот Лиу Хе на церемонијата, цитирајќи ги зборовите на кинескиот претседател, чие писмо го прочита.
Во писмото, Си Џинпинг ја поздрави првата фаза од трговскиот договор на САД и Кина и повика на целосна имплементација на договорот.
„Следниот чекор е двете страни да го спроведат договорот што е можно поискрено и да го постигнат најдобриот можен ефект“, му напиша Си на американскиот колега.
„Во тој дух, се надевам дека Соединетите држави ќе постапуваат со кинеските компании фер и со своите редовни практики за трговија и инвестиции“, напиша Си.