САД и Израел го напуштија УНЕСКО


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Со изговор дека УНЕСКО има предрасуди кон Израел, САД и Израел вчера истапија од оваа агенција за образование, наука и култура во рамки на Обединетите нации.

Како што се наведува во веста на новинската агенција Associated Press, одлуката за повлекување стапи во сила како што ио беше најавено во 2017 година од администрацијата на американскиот претседател, Доналд Трамп и израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху.

Иако се толкува за процедурален потег, сепак, јавноста е обединета во заклучокот дека ` нанесува голем удар на агенцијата во чие креирање по Втората светска војна учествуваа и САД.

Американската администрација го запре финансирање на УНЕСКО, откако нејзин член стана Палестина во 2011 година. Притоа од САД стигна и барање за „суштински реформи“ во работата и финансисрањето на агенцијата.