Актуелно

САД и Дојче Банк вонсудски се договорија на 7,2 милијарди долари

Министерството за правда на САД направи вонсудски договор вреден 7,2 милијарди долари со Дојче банк, откако геманската финансиска институција беше обвинета дека ги завела инвеститорите да купуваат хартии од вредност, гарантирани со хипотекарни хартии од вредност во 2006-2007 година, јави ДПА.

Од економската криза во 2008 година, што започна по падот на пазарот на хипотеки во САД, американските власти истражуваат банки што издале обврзници врзани со високоризични хипотекарни кредити.

Дојче банка, кој минатиот месец соопшти за договорот, ќе плати граѓанска казна од 3,1 милијарда долари на американското Министерство за правда и 4,1 милијарда долари за олеснување на хипотекарните должници, сопствениците на домови и заедници кои биле погодени од големиот пад на цените на живеалиштата.

Договорот од 7,2 милијарди долари е најголем склучен договор со одделна банка за случаите на хартии во вредност загарантирани со хипотекарни кредити од финансиската криза во 2008 година.

Првично американските власти бараа 14 милијарди долари.

Во пресрет на финансиската криза од 2008 година, што доведе до глобална рецесија, банките и инвестициските компании продаваа хартии од вредност загарантирани со хипотекарни кредити.

Хипотекарните заеми беа лесно достапни за граѓаните во периодот на подемот на пазарот на недвижности во САД.

Со почетокот на крахот во 2007 година, сопствениците на домовите повеќе не можеа да ги исплаќаат нивите долгови и вредноста на хариите од вредност загрантирани со хипотеки се намали. Тоа доведе до тешки загуби на финансиските институции.

Advertisements
To Top