Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Кина и понатаму е најголем кредитор на САД, откако во јуни си го врати првото место меѓу земјите, на кои Американците им должат пари. Во август, Пекинг ги зголеми нејзините инвестиции во американските државни обврзници за 34,5 милијарди долари, до 1 трилион и 200,5 милијарди долари.
Во исто време Јапонија ја намалила сопственоста на американските државни обврзници за 11,4 милијарди долари – до 1 трилион и 101,7 милијарди долари, покажува најновата анализа на Министерството за финансии на САД.
Трети по овој индикатор се Ирците со US Treasuries за 307,2 милијарди долари, по што следи Бразил (273,6 милијарди долари) и Кајмански Острови (260 милијарди долари).
Топ 10 сопственици на американски државни обврзници ги вклучуваат Швајцарија, Обединетото Кралство, Луксембург, Хонг Конг, Тајван и Индија.
Вкупниот обем на американските обврзници во август се зголемуваат на 6.269 трилиони долари од 6,250 трилиони долари во јуни. Од оваа сума, 4 трилиони и 51,7 милијарди долари припаѓаат на владите и централните
банки.
Меѓу најголемите кредитори на САД, Русија го зазема 14 место, забележува nmarket.ru. Во август Москва ја зголемила својата инвестиција во американските долгови од 2,3 милијарди долари, до 105,4 милијарди долари. Во јули тие, исто така, прават зголемување за 200 милиони долари, додека во јули оваа година се намалиле за 5,8 милијарди долари, откако растеа пет месеци по ред – од 86,1 милијарди американски долари во декември, до 108,7 милијарди долари за мај.
Во 2013 година, ваквиот тип инвестиции на Русија во САД надминаа 150 милијарди долари, но по влошувањето на односите со Западот, почнува период на намалување. Во одделни месеци се продавани хартии од вредност за сума од 20-25 милијарди долари.