Home Шоубизнис „Sad But True“ од Metallica во изведба на 250 музичари – вака ГРМИ тоа

„Sad But True“ од Metallica во изведба на 250 музичари – вака ГРМИ тоа

Изведбата беше направена во Москва, од страна на „флеш моб“ групата Rock-N-Mob.

Овој мегаломански перформанс беше инспириран од изведбата на „Learn to Fly“, песна од Foo Fighters, од страна на над 1.000 музичари во Чезена, на 3 ноември, 2015 година.

Таа епска изведба беше мотивација и инспирација за „Rock-N-Mob“, која досега има правено „партали“ на сцените во Русија со нивните „флеш-моб“ преработки на песни од Linkin Park, Green Day, Bon Jovi, Thirty Seconds to Mars и други бендови.

Овој пат, „Rock-N-Mob“ собра на едно место, во Москва, над 250 музичари со кои заедно ја „згрмеа“ славната „Sad But True“ од Metallica.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Ника Тошиќ разочарана од оние што најмногу ги сакаше: Мислевте дека не знам што зборувате зад мојот грб

Ника Тошиќ разочарана Ника Тошиќ се разочарала во оние на кои им верувала и со кои била бл…